На настанот во организација на Јуропиан Топ Фајтерс (ETF) одржан во Белишќе Хрватска, Македонскиот ММА борец Ристо Димитров – Чурино го совлада Дарко Кнежевиќ од Србија. Ристо победи во првата рунда со „граунд енд паунд“. На овој настан се одржаа 13 профи ММА борби, 3 профи бокс борби и 1 борба во бокс без ракавици. Димитров се бореше во главната борба на вечерта при што го освои појасот.
„Борбата течеше супер и како шо планирав. Прво го тестирав противникот, затоа што не беше ни најмалку наивен и е искусен борец. Проба неколку удари со нога и рака, потоа видов шанса и направив влез на нозе и со дабл лег тејкдаун го донесов на партер. Се бранеше силно, ама во партер сум подобар. Влегов во фулл маунт и го завршив со неколку удари уште во првата рунда.Секоја чест за противникот кој беше добар и јак противник со повеќе од 100 борби во бокс, кикбокс и ММА“, изјави Ристо Димитров.