
На состанокот на Извршниот Комитет на УЕФА кој се одржа во Нион беше одлучено ВАР технологијата да се користи во плејофот од Лигата на Нациите кој ќе се одржи во Март идната година. На ова натпреварување Македонија ќе игра против Косово на 26 Март 2020 на арената „Тоше Проески“ во Скопје кога ќе треба да се инсталира ВАР системот. Извршниот Комитет одлучи покрај Лигата на Нации ВАР да се употребува и во квалификациските натпревари за пласман на Светското Првенство во Катар 2022.