
Репрезентативецот на Македонија до 17 години, Иван Николов потпиша професионален договор за настап во сениорскиот тим на Академија Пандев. Николов досега настапуваше во младинските категории на Академија Пандев, а денес го потпиша неговиот прв професионален договор за настап во сениорска конкуренција. Од раководството на клубот велат дека се работи за перспективен играч.
-„Иван Николов потпиша професионален договор со Академија Пандев. Николов е дел од Академија Пандев веќе три години каде настапуваше за младинските категории, а од оваа сезона е важен дел и во сениорскиот тим. Академија Пандев гледа светла иднина во 17-годишниот репрезентативец на Македонија и ова е првиот негов професионален договор што не прави посебно горди. Му посакуваме многу успешни настапи во сино-белиот дрес, а еден ден и како дел од некој европски великан“ – стои во соопштението на Академија Пандев.