
Македонскиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов го постигна првиот свој погодок за Штутгард на гостувањето против Динамо Дреззден 0:2. Чурлинов влезе во игра во 57 минута, а во 88 минута ги постави конечните 0:2 на натпреварот. Досега популарниот Чурлин ретко добивше шанса да влезе во игра, а по овој натпревар се надеваме дека ќе успее да се наметне во составот.
-„Задоволен сум од тоа како одиграв против Динамо Дрезден и како ја искористив минутажата. Влегов од клупата и му помогнав на тимот со гол, среќен сум затоа што освоивме важни три бода. Акцијата што му претходеше на голот беше онаква каква што ја посакувавме. Топката заврши до мене, а јас како офанзивец се најдов на вистинското место, во вистинското време. Тоа ми е важно како напаѓач, секогаш да реагирам како што треба и да стрелам“.-изјави Чурлинов.Досега популарниот Чурлин ретко добивше шанса да игра но овојпат