
Утре 13 јуни со почеток во утринските часови ќе се одржи атлетската трка на 10 километри „Халк Еко Хронометар 10км“, во организација на Сојузот на Спортови на Скопје и ак Работнички а поддржана е од Халк Банка. Трката ќе стаартува и ќе заврши под мостот „Гоце Делчев“ во Центар а ќе се трча кон општина Карпош. На оваа трка ќе се преземат мерки за заштита од Корона вирусот па така нема да има групирање на стартната линија туку натпреварувачите ќе стартуваат еден по друг со пауза од 30 секунди. На оваа трка треба да земат учество 360 натпреварувачи, затоа стартот е закажан за 6:30 часот а ќе трае до 9:30. Поради мерките за заштита на трката нема да има присуство на публика.