Почина легендарниот кошаркарски тренер Драган Василов – Цевка

Македонија се збогува со еден од најголемите кошаркарски тренери во младинска категорија на овие простори, популарниот Драган Василов – Цевка, кој ненадејно почина на 64 годишна возраст. Популарниот Цевка речиси целата своја кариера ја помина во Работнички каде неуморно работеше со младите кошаркари. Иако во својата кариера Цевка добиваше повеќе понуди за работа во поголеми клубови од регионот, тој остана верен на Работнички и на работа со македонските таленти. Најголем дел од својата кариера популарниот Цевка го помина во „Градски Парк“, а по заминувањето од Работнички тој ги водеше и клубовите: Торус СЦБТ, Партизан Водно Санс, Јуниор и Феникс 2010. Драган Василов – Цевка беше претседател на тренерската комисија при Кошаркарската федерација, а почина на кошаркарскиот камп за млади играчи кој се одржува во Маврово во коорганизација на ФИБА и македонската Кошаркарска федерација.

Во својата кариера Драган Василов ја водеше македонската кадетска репрезентација 1999 година на Европското првенство во Словенија каде го освои шестото место, што е втор најдобар пласман на наша младинска селекција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *