Ракометарите на Еурофарм Работник загубија од Мешков Брест 35:32. Мешков Брест иако играше без најдобрите играчи беше подобар противник и го диктирање темпото речиси целиот натпревар. Ова е трет пораз во низа за избраниците на Стевче Алушевски во СЕХА лигата. Еурофарм оваа сезона не ги оправдува очекувањата. Во СЕХА Лигата по првите 3 победи нанижа 3 порази. Во Лига на Шампиони Еурофарм забележа 5 порази и само една победа. На петте порази во ЛШ, Еурофарм пропушти големи шанси за победа и загуби со 1-2 голлови разлика. Несомнено тимот на Еурофарм има квалитет и може да се носи во овие натпреварувања но потребни се многу тактички и технички промени.