РЕАЛ МАДРИД И ТОТЕНХЕМ ЈА ПОТВРДИЈА ФАВОРИТСКАТА УЛОГА ДИНАМО И ШАХТАР ВО ТРИЛЕР ЗАВРШНИЦА

Завршија денешните натпревари од групната фаза во УЕФА Лигата на Шампиони. Реал Мадрид ја декласираше Галатасарај со 6:0, на овој меч Реал почна фуриозно па уште во 14 минута имаше предност 3:0 по што беше јасно дека Галатасарај не може да се спротивстави во овој дуел. Тотенхем во Белград истотака лесно ја победи Црвена Ѕвезда резултатот беше 0:4. на останатите натпревари Баерн Леверкузен го победи Атлетико Мадрид со 2:1. Леверкузен на овој дуел направи предност од 2:0 а Атлетико успеа во судисото продолжение да намали на конечни 2:1. Динамо Загреб одигра 3:3 против Шахтар. На овој меч резултатот го отвори Шахтар во 13 минута преку Мораеш, пота во 25 минута со голот на Бруно Петковиќ израмни на 1:1. На овој дуел се играше доста жестоко, во 74 минута Динамо остана со играч помалку откако Никола Моро доби Црвен картон за 5 минути подоцна и Марлос од Шахтар да добие црвен картон по што силите на теренот се изедначија. Динамо во 83 и 89 минута направи пресврт и зголеми на 3:1 со головите на Лука Иванушек и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Овој дуел доби дури 8 минути продолжување. И кога се мислеше дека Шахтар нема шанси во 3 минута од продолжението Жуниор Мораеш намали на 3:2 а во последната минута по вар одлуката Тете од пенал погоди израмнување и конечни 3:3. Нешто помирно беше на натпреварите Аталанта – Манчестер Сити 1:1 и ПСЖ – Клуб Бриж 1:0.

  1. Баен Минхен – Олимпиакос 2:0
  2. Локомотив Москва – Јувентус 1:2
  3. Аталанта- Манчестер Сити 1:1
  4. Баерн Леверкузен – Атлетико Мадрид 2:1
  5. Црвена Ѕвезда – Тотенхем 0:4
  6. Динамо Загреб – Шахтар 3:3
  7. ПСЖ – Клуб Бриж 1:0
  8. Реал Мадрид – Галатасарај 6:0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *