АБА лигата е едно од најквалитетните кошаркарски натпреварувања во европа. Во него се натпреваруваат екипи од држави кои се редовни освојувачи на медали на европските и светски првенства. Во ова натпреварување кариерата ја започнале повеќе играчи кои се на самиот светски врв. АБА Лигата е ригорозна кога се работи за пропусти во организацијата на натпреварите, за најмал пропуст се изрекува казна. На натпреварот во Бар помеѓу Морнар и Цедевита Олимпија каде гледач влезе во теренот и нападна гостински кошаркар дисциплинската комисија на АБА Лигата изрече соодветна казна. Морнар ќе треба да плати парична казна од 20.000 евра, следниот натпревар ќе игра без публика, потоа на натпреварот кој следи на домашен терен ќе треба да биде празна навивачката трибина.
Видео од инцидентот на натпреварот Морнар – Цедевита Олимпија