Македонија ќе учествува на престојното Балканско Првенство во Крос Кантри кое ќе се одржи во Беране Црна Гора на 09.11.2019 година. Крос Кантри е трка на средни и долги патеки која се одржува на отворено и се трча на нерамна подлига. Крос се трча по ливади, шуми, планини и сл. Македонската Атлетска Федерација на ова натпреварување ќе ја претставуваат 5 атлетичари. За Македонија ќе настапат: Дарио Ивановски, Кристијан Стојани, Маја Рајчина, Рената Соколовска и младинецот Мартин Милошевски. Тренер на екипата е Божурка Ѓошевска а официјал Игор Јакимовски. Македонската репрезентација е веќе пристигната во Беране и ги има последните подготовки за утрешните трки.

Odlicna utakmica, bravo za Eurofarm.