Македонската фудбалска репрезентација ја очекуваат последните два дуели во квалификациите за Европското Првенство 2020. Македонија ќе игра на гости против Австрија на 16 ноември и на домашен терен против Израел на 19 ноември. Фудбалерот на Мајорка Александар Трајковски рече дека Македонија има потенцијал да оди на победа во овие средби, кој ќе одлучат за патниците на ЕП.
„Мислам дека сме добро подготвени и одиме да го дадеме нашиот максимум на теренот во Виена. Најважно е сега да се обидеме да ги добиеме овие два натпревари, да се покажеме во најдобро светло, а потоа ќе размислуваме на мартовскиот предизвик од Лига на нации. Во изминатиот период игравме и со послаби и со поквалитетни репрезентации и сметам дека покажавме дека можеме да се носиме со било која селекција“, изјави Трајковски.
Доколку Македонија не успее да се пласира на ЕП преку оваа група ќе има уште една шанса преку лигата на нации организирана од УЕФА. Таму нашата репрезентација треба да игра во полуфинално натпреварување со Екипите на Косово, Белорусија и Грузија. каде првиот тим ќе патува на ЕП.