Екипата ма МЗТ Скопје Аеродром го ангажираше новото засилување Бојан Радуловиќ (27 години 211см). Радуловиќ е Србин кој има Словенско државјанство но нема настапувано за репрезентацијата на Словенија. Пред да дојде во МЗТ Радуловиќ играше за екипата на Шентјур кој се натпреварува во словенското првенство. Тој има искуство во Аба Лигата со екипите на Олимпија и Металац Ваљево а има настапувано и за повеќе екипи кои се натпреваруваат во словенската лига.
