КУМАНОВО МУ ГО НАНЕСЕ ПРВИОТ ПОРАЗ НА ГОСТИВАР ВО САЛАТА МЛАДОСТ

Денеска се одиграа три натпревари во Кошаркарското првенство на Македонија. Гостивар го доживеа првиот пораз сезонава на домашен терен и загуби од Куманово 72:85. Гостивар беше во водство речиси цело прво полувреме кое го доби 42:36, но во второто полувреме видовме друга ситуација. Куманово одигра феноменална трета четвртина и направи пресврт, а во последниот период избраниците на Марјан Србиновски беа надиграни и водството на противникот само растеше. Нај расположен за игра кај Гостивар беше Донован Доналдсон со 38 постигнати поени, но неговите соиграчи не беа на ниво на задачата, кај Куманово гостиварчанецот Марјан Јанески постигна 23 поени, Младеновиќ 12. на другите натпревари Вардар – Работнички 55:103, Кожув – Академија ФМП 87:78. Утре се игра дуелот помеѓу Еуро Никел и МЗТ Скопје Аерордром со почеток од 18:00 часот, а поради настапот на МЗТ Скопје УБ на јуниорскиот турнир во Задар натпреварот МЗТ Скопје УБ – Пелистер ќе се одигра на 4 декември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *