Тренерот на Вардар Едуард Кокшаров по поразот од Веспрем не сакаше многу да зборува. Тој накратко изјави дека тоа е Вардаровата реалност и очекува да се вратат повредените играчи за да се подготви за вториот дел од сезоната.
– „Не би говорл многу сакам да ѝ честитам на екипата на Веспрем за победата и за коректнаа игра. За жал, тоа е нашата реалност. Пред нас е вториот дел од сезоната. Чекаме да ни се вратат повредените играчи, да бидеме комплетни и да бидеме подготвени за напредок во вториот дел на Лигата на Шампиони“ изјави Кокшаров.