Аргентискиот фудбалер Лионел Меси доби признание за најдобар фудбалер во 2019 година. Меси се најде на првото место со 46 поени, на второто место е Виргил ван Дијк кој настапува за Ливерпул а третото место му припадна на Кристијано Роналдо кој не присуствуваше на оваа церемонија. За најдобар голман беше прогласен Алисон кој брани за Ливерпул. Најдобар тренер е Јирген Клоп од Ливерпул. За најдобар играч во женска конкуренција беше прогласена Меган Рапино, Најдобар голман кај жените е Сари ван Винендал а за најдобар тренаер на женска екипа е прогласена Џилијан Елијас која ја водеше репрезентацијата на САД до октомври 2019 година кога ја замени Македонецот Влатко Андоновски.
