ВЕСЕЛИН ВУЈОВИЌ СТРАВУВА ОД ГОСТУВАЊЕТО ВО БИТОЛА

Денес со почеток од 17:15 часот тимот на Еурофарм го пречекува Загреб во рамки на 10 коло во СЕХА Лигата. Тренерот на Загреб Веселин Вујовиќ изјави дека нема да да биде лесно да се победи во Битола. Вујовиќ многу добро го познава теренот во Битола, уште кога активно играше ракомет имаше доста тешки гостувања во Битола, исто така популарниот Вујо додека беше тренер на Вардар (2006-2009 и 2011-2013) одигра повеќе дерби натпревари против Пелистер.

-„Натпреварот ќе биде клучен за нас со цел да го завршиме регуларниот дел од сезоната на добра позиција во групата Б. Очекувам да биде добар затоа што Еурофарм е навистина добар тим. Нашата задача во Битола ќе биде далеку од лесна, бидејќи тие одиграа одлична дебитантска сезона во Лигата на шампионите и сигурно се мотивирани откако минаа низ тренерската промена. Сепак, ќе дадеме сè од себе за да освоиме три бода на гостински терен пред важните три домашни натпревари против Спартак, Мешков и Веспрем“ изјави Вујовиќ.

Резултат с изображение за veselin vujovic zagreb

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *