На вчерашните доделувања ФИФА Фудбалските Награди во Париз сите ги изненади неприсуствувањето на Кристијано Роналдо. На овие доделувања најголем фаворит беше Лионел Меси и тој ја доби наградата златна топка за најдобар играч, на оваа листа Роналдо се најде на трето место. Кристијано Роналдо наместо во Париз присуствуваше на церемонја во Милано каде доби награда за најдобар играч во Италија за минатата сезона. Кристијано Роналдо минатата сезона постигна 21 гол и имаше најзначајна улога во освојувањето на титулата на Јувентус и заслужено ја доби оваа награда.
-“Горд сум што сум прогласен за најдобар играч во Серија А. Им се заблагодарувам на моите соиграчи и на сите кои гласаа за мене, сега треба да работам напорно за да го повторам овој успех и следната година повторно да се најдам овде“ – изјави Роналдо.
По завршувањето на церемонијата Роналдо не сакаше да дава дополнителни изјави за медиумите.