Кошаркарите на МЗТ Скопје Уни Банка загубија на домашен терен од Пелистер 77:86, (16:16, 23:29, 20:27, 18:14) во дербито на дното на табелата. Ова е осми пораз од осум одиграни натпревари за младата екипа на МЗТ Скопје со што е на последното 10 место на табелата во првата лига. Пелистер со оваа победа има биланс од 3/5 и се најде на 7 место на табелата. Во тимот на Пелитер нјефикасен беше Адем Мекиќ кој постигна трипл дабл со 21 поен, 12 скокови и 11 асистенции, по него беше Казарновски со 21 поен, Пенов постигна 18 поени. Кај МЗТ Скопје УБ повеќе играчи беа разиграни, Дарио Митевски постигна 15 поени, Мамузиќ 14, Исајловски 9, Тодоровски 8, Максим Митевски додаде 8 поени и 8 скокови.