Во осминафиналниот натпревар во Купот на Македонија Шкупи во Чаир беше поразен од екипата на Академија Пандев 0:1. Поголемиот дел од натпреварот Шкупи беше подобар противник, во 28 минута Шкупи не успеа да реализира пенал, потоа до крајот на првото полувреме Шкупи имаше уште неколку шанси но не успеа да погоди. Второто полувреме беше по мирно и во 93 минута кога се очекуваше крај на дуелот Академија Пандев преку добро изработена акција ја затресе мрежата на Шкупи и ги постави конечните 0:1.