Днеска во Минхен се одржа жрепката за Европските Шампионати во младински категории. Македонија ги доби своите противници во сите пријавени категории за Европските Шампионати во 2020 година. Македоннија ќе биде домаќин на Европското Првенство за кошаркарки до 16 години во А дивизија, кое ќе се одржи од 14 до 22 август наредната година. На ова првенство Македонија се падна во прилично тешка група со Шпанија, Италија и Израел. Репрезентацијата под 18 години за Европското Првенство во Б дивизијата кое ќе се одржи во Романија ќе игра во група со: Летонија, Данска, Белорусија, Шведка и Косово. Репрезентацијата до 20 години која ќе учествува на Европското Првенство во Б дивизија кое ќе се одржи од 10 до 19 јули во Грузија, противници ќе им бидат: домаќинот Грузија, Русија, Естонија и Норвешка. Во женска конкуренција Македонија до 16 додини ќе игра на Европскиот Шампионат Б дивизија кој ќе се одржи во Сараево од 17 до 26 јули, каде противници во групата ќе и бидат: Полска, Романија, Ирска, Словачка и Косово. Женската репрезентација до 18 години ќе учествува на Европското првенство Б дивизија кое ќе се одржи во Австрија од 3 до 12 јули. На ова првенство противници на Македонија во групата ќе и бидат: Хрватска, Шведска, Естонија и Бугарија.
