
На први јануари 2020 година започнува зимскиот преоден рок каде ќе можат да се реализираат фудбалските трансвери. Полусезоната во македонското првенство заврши и клубовите веќе почнаа да размислуваат за своите промени. Силекс откако одигра добра полусезна одлучи да го преќине договорот со еден од најдобрите поединци, десниот бек Стефан Коцев. Се шпекулира дека Коцев има понуди од Албанија или Косово каде претходно настапувааше во тимот на лирија од Призрен, но можно е тој да премине и во друг клуб во македонското првенство.