БАЕРН МИНХЕН НЕПОРЗЕН ВО ГРУНАТА ФАЗА ДИНАМО И ЅВЕЗДА ПРОПУШТИЈА ЛЕ

Со завршувањето на натпреварите од последното коло од групната фазаа во Лигата на Шампиони познати се и последните патници во осминафиналето. Баерн Минхен е единствен клуб без пораз во групната фаза. БАерн во последниот натпревар на свој терен го победи бајголемиот ривал во групата Тотенхем на Жозе Мурињо со 3:1. Динамо Загреб доживеа тежок пораз од Манчестер Сити 1:4. На овој натпревар Динамо при водство од 1:0 во првото полувреме прими нерегуларен гол, по што следеше пад во играта на Динамо. Првото полувреме завврши со резултат 1:1 но во второто полувреме Манчестер постигна 3 гола, со што Динамо ја пропушти шансата за трето место и пласман во Лига Европа. Олимпијакос ја совлада Црвена Ѕвезда 1:0, во борбата за пласман на третата позиција. На Црвена Ѕвезда им одговараше реми за пласман понатаму но Олимпијакос не дозволи изненадување на свој терен. На останатите натпревари: Шахтјор – Аталанта 0:3, Атлетико Мадрид – Локомотив Москва 2:0, Баерн Леверкузен – Јувентус 0:2, Клуб Бриж – Реал Мадрид 1:3, ПСЖ – Галатасарај 5:0.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *