На вечерашното дерби актуелниот македонски шампион „МЗТ Скопје“ во драматична завршница беше поразен од домакинот „Гостивар“ со 80:78. Одигран пред полни трибини овој меч беше вистински празник на кошарката. Во тек на целиот натпревар се играше изедначено со мали осцилации во играта на двете екипи. По четвртини резултатот заврши: 18:20, 23:19, 19:22 и 20:17. Најефикасен во тимот на „Гостивар” беше Џелетовиќ со 21 поен, додека во тимот на „МЗТ Скопје” најефикасен беше Омот кој постигна 19 поени. Со оваа победа тимот на „Гостивар“ се изедначи на табелата со тимот на „МЗТ Скопје“ и ја делат третата позиција со по 5 бодови.