КАДЕТСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПОБЕДА ГО ЗАВРШИ БАЛКАН КУПОТ

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација го заврши учеството на Балкан Купот кој се одигра во Романскиот град Тагру Џиу. Македонската репрезентација откако загуби во претходните дуели од домаќинот Романија и од Израел, во последниот натпревар ја совлада селекцијата на Бугарија 83:77, по четвртини 22:26, 19:25, 25:9, 11:25. Македонија доминираше во првото полувреме, нападот на нашата репрезентација функционираше одлично за што говори и ефикасноста во првото полувреме во кое Македонија постигна 51 поен. Во третата четвртина Бугарија успеа да искористи некои слабости во нашата одбрана при што дојде до водство од највисоки шест поени. Во последната четвртина Македонија се врати во игра и се играше егал. Во завршницата на 2,5 минути до крајот резултатот беше 77:77, но нашата репрезентација беше поумешна во финишот па во продолжение направи серија од 6:0 за конечни 83:77.

One thought on “КАДЕТСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СО ПОБЕДА ГО ЗАВРШИ БАЛКАН КУПОТ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *