
Во натпреварот од 17 коло во Серија А, Аталанта го декласираше Милан со 5:0. Аталанта рано го отвори резултатот, во 10 минута по асистенција на Јосип Иличиќ, Гомез погоди за 1:0. Во второто полувреме Милан доживеа вистински дебакл и прими дури 4 голови. Во 61 минута Марио Пашалиќ го зголеми водството на Аталанта на 2:0, следеа два прекрасни гола на словенечкиот интернационалец Јосип Иличиќ во 63 и 72 минута, а конечниот резултат го постави Луис Муриел во 83 минута. Со оваа победа Аталанта се искачи на петата позиција на табелата со 31 бод, а Милан е на единаесетото место со 21. Милан пораз од пет голови разлика има доживеано уште три пати во својата историја, а последен пат тоа се случи во сезоната 1997/1998 кога Рома со 5:0 го победи Милан.