Навивачите на ТФТ Баскетбол со баклијада го прославија влезот на нивниот клуб во првата кошаркарска лига. ТФТ Баскетбол сезоната ја заврши без пораз на првата позиција на табелата во втора лига исток и сосема заслужено ќе се пресели во елитата.
Ова е втор пат кошаркарски клуб од оваа населба да се избори за влез во најсилното кошаркарско натпреварување кај нас. Во 2005 година клубот Фаворити успеа да се пласира во првата лига. Овој клуб исто како и ТФТ беше составен претежно од играчи од наслелбата, а натпреварите ги играше во училишната сала во ОУ Јан Амос Коменски.
