Десетото коло од англиската Премиер Лига беше доста возбудливо, се одиграа повеќе интересни мечеви и се постигна 41 гол. Ливерпул со песврт го совлада Тотенхем одтакао губеше на полувреме додека Лестер славеше со 9:0.
Ливерпул со пресврт на домашен терен дојде до победа против Тотенхем со 2:1. Тотенхем преку Хари Кејн прв ја затресе мрежата на домашниот тим Ливерпул уште во првата минута од натпреварот. Ливерпул во тек на првото полувреме безуспешно се обидуваше да изедначи па на полувреме се отиде со резултат 0:1. На почеток на првото полувреме во педесет и втората минута капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон го израмни резултатот на 1:1. Во текот на второто полувреме играчите на Ливерпул направија опсада на голот на Тотенхем што резултираше со погодок од пенал на Салах во седумдесет и петата минута за 2:1. Со оваа победа Ливерпул останува на првото место во Премиер Лигата а зад него е Манчестер Сити со шест бодови помалку. Тотенхем после овој пораз е на единаесетата позиција.
Во петокот се одигра уште еден интересен натпревар помеѓу екипите на Саутемптон и Лестер Сити кој заврши со резултат 0:9. На овој натпревар Лестер Сити во десетата минута поведе со 0:1. Потоа тимот на Саутемптон остана со играч помалку откако домашниот играч Рајан Бертхард доби црвен картон во дванаесетата минута. Ова одлично го искористија играчите на Лестер Сити па на крај на првото полувреме резултатот беше неверојатни 0:5. До крај на натпреварот дури двајца играчи на Лестер Сити Ајозе Мендес и Џејмс Медисон успеаа да постигнат хет трик.
На останатите натпревари: Њукасл – Вулверхемптон 1:1, Арсенал – Кристал Палас 2:2, Норич – Манчестер Јунајтед 1:3, Манчестер Сити Астон Вила 3:0, Бајтон Евертон 3:2, Вест Хем – Шефилд Јунајтед 1:1, Барнли Челзи 2:4, Брајтон Евертон 3:2, Вотворд – Борнмут 0:0.
Табелата после одиграните натпревари изгледа вака: