Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон беше победник на трката за големата награда на Мексико во Формула 1 шампионатот. Со оваа победа Хамилтон е на чекор до освојување на титула во Ф1 шампионатот. Одлучувачки за оваа победа се покажа тоа што Хамилтон еднаш влезе во боксот за промена на пневматици, додека неговите конкуренти за првата позиција два пати влегоа во бокс. Второто влегување во бокс најлошо го помина Шарл Лекер кој после влегувањето ја загуби првата позиција и на крајот заврши како четврто пласиран.
- Луис Хамилтон (Мерцедес)
- Себастијан Фетел (Ферари)
- Валери Ботас (Мерцедес)
- Шарл Лекер (Ферари)
- Александар Албон (Ред Бул)
- Макс Ферштапен (Ред Бул)
- Серхио Перес (Рејсинг Поинт)
- Даниел Рикардо (Рено)
- Данил Квајт (Торо Росо)
- Пјер Гасил (Торо Росо)
- Нико Хулкенберг (Рено)
- Ленс Строл (Рејсинг Поинт)
- Карлос Сенк (Мекларен)
- Антонио Џовинаци (Алфа Ромео)
- Кевин Магнусен (Хас)
- Џорџ Расел (Вилијамс)
- Роман Грожан (Хас)
- Роберт Кубица (Вилијамс)
Трката не ја завршија: Кими Рајконен (Алфа Ромео) и Ландо Норис (Мекларен).