Никола Јокиќ забележа значаен трипл дабл постигнувајќи 23 поени 14 скокови и 12 асистенции во победата на Денвер Нагетс против Феникс Санс 108:107. Овој натпревар заврши по едно продолжение. Никола Јокиќ успеа да го постигне својот 29 – ти трипл дабл во регуларниот дел од сезоната во НБА. Овој трипл дабл е значаен за Јокиќ бидејки со тоа го надминува најдобриот играч на сите времиња Мајкл Џордан кој има остварено трипл дабл 28 пати во регуларниот дел од сезоната.
„Тоа е добро но статистиката не е важна за мене. Не можам да кажам дека не ми е драго но тоа не ми представува ништо посебно. Се надевам дека Џордан ќе го престигнам по бројот на освоени титули (6), тоа би било подобро.“ Изјави Јокиќ.
Нај успешен на оваа листа е Оскар Робертсон со 181 трипл дабл следат Расел Вестбрук и Меџик Џонсон со по 138. За да ги достигне овие играчи Јокиќ ќе треба многу да работи а следен предизвик за него е дуелот со Сакраменто Кингс.