Украинскиот боксер Вадимир Кличко најави враќање во професионалниот бокс. Како цел за ова враќање ја наведе причината дека посакува да биде нај стариот светски шампион во бокс. Кличко сака да го сруши рекордот на Џорџ Фриман кој на свои 45 години ја освои светската титула во 1994 година. Владимир Кличко сега има 43 години и се надева дека за две години ќе успее да биде нај стариот светски шампион во бокс.
„Џорџ Фриман освои титула на свои 45 години, тоа не е невозможно зошто да не го подобрам јас тој рекорд“, кажа меќу другото Владимир Кличко за Дејли Меил.
Овој рекорд беше нападнат и од Ивандер Холифилд во 2008 година. Тогаш Холифилд имаше 46 години и се бореше против рукиот боксер Николај Валуев за освојување на светската титула во тешка категорија. Тогаш Холифилд загуби на поени но многумина критичари го сметаа Холифилд за победник. По таа борба и англичанецот Ленокс Луис изјави дека жали што ја завршил кариерата рано бидејќи бил способен подолго да се бори. Владимир Кличко престана да се бори откако ја загуби титулата во 2017 година од Ентони Џошуа. Враќање во рингот на Кличко би ја направило интересна борбата за светската титула каде сега има голема конкуренција.