Ливерпул и Арсенал го одиграа реванш дуелот од осминафиналето во англискиот Лига Куп кој заврши 5:5 во регуларниот дел од натпреварот. Овој натпревар двете екипи го играа со повеќе млади играчи. Резултатот го отвори уште во шестата минута Мустафи со автогол, потоа неговиот соиграч Тореира во 18 минута погоди за израмнување 1:1. Следеа два гола во 26 и 36 минута на бразилецот Мартинели за водсто на Арсенал 1:3 а Џејмс Милер во 43 минута погоди од пенал за конечни 2:3 во првото полувреме. Арсенал повторно се одлепи на двагола предност и преку Нејлс во 54 минута поведе со 2:4. Во 58 и 62 минута преку Чембрлен и Ориги Ливерпул дојде до израмбување. Во 70 минута најубавиот гол на мечот го постигна Џозеф Вилок за повторно водство на Арсенал сега 4:5. Во самата завршница пред истек на времето во 94 минута Ориги погоди за конечни 5:5. Според правилата на Лига Купот во Англија при нерешен резултат не се играат продолженија туку директно се оди на пенали. Патникот во четвртфиналето го решија пеналите каде Ливерпул беше посреќен и победи со 5:4.