НАВИВАЧИТЕ НА ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ГО ОДБИЈА ПРЕДЛОГОТ ОД ЕВРОЛИГА ДА СЛАВАТ НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ

Евролигата во последно време се повеќе ја копира НБА во начинот функционирање, во ТВ преносите, во пропратните случувања и маркртингшки активности. Така на клубовите кои ќе играат во 6 коло од Евролигата кое се игра на 31 октомври и 1 ноември им е наложено да направат кореографија на теренот и на трибините во стилот на халовин. Но на дуелот помеѓу српска Црвена Ѕвезда и руски Химки кој се одигра во салата Пионир во Белград тоа не се случи. Домакинот Црвена Ѕвезда на почеток на натпреварот наместо тема од халовин на видео бимот објави икона од свети Апостол Лука светецот кој се одбележува на 31 октомври. Со тоа порачаа дека тие го слават нивниот православен празник а не сатанистичка пропаганда која им ја предложува Евролигата.

Пред почетокот на натпреварот и на паузата за полувреме се свиреа и пееа традиционални песни а наместо маскирани чирлидерки настап имаше културно уметничко друштво. На трибините пак беше истакнат импровизиран крст и напишана парола „со ова победувај“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *