Кениецот кој живее во САД Нуни Омот сезонава се очекуваше да биде големо засилување за тимот. Омот за кратко време стана миленик на публиката, покажа доста атрактивна игра и придонесе многу за тимот. Но тоа траеше кратко па на самиот почеток на сезоната тој ќе си замине. Нуни Омот е играч од НБА калибар и несомнено еден од најдобрите странски играчи кои заиграле за МЗТ Скопје.
„Крилниот центар веќе извесен период има семејни проблеми, поради што не можеше целосно да им се посвети на професионалните обврски, ниту, пак, да биде максимално концентриран на средбите на нашиот тим. Сериозноста на овие проблеми наложува тој да биде заедно со своето семејство во САД, па со оглед што не беше познато кога тие ќе се решат и кога тој би можел да се врати во Македонија, заеднички е заклучокот дека најдобро за двете страни е договорот да биде раскинат“, стои во соопштението на МЗТ Скопје Аеродром.
Нуни Омот на 5 натпревари во АБА 2 лигата имаше скор од 14,2 поени, 3,8 скокови, и 1 асистенција, додека во македонското првенство на 2 натпревари имаше 18,5поени, 4,5 скокови и 1 асистенција.