На првиот натпревар од 13 коло на првата македонска фудбалска лига кој се одигра во Струмица се сретнаа екипите на Академија Пандев и Работнички кои одиграа без победник 1:1. Академија Пандев играше без Дориев и Стоилов кои се повредија на последниот натпревар со Борец. Оваа ситуација ја искористи Работнички и освои значаен бод во Струмица. Први поведоа домаќините со голот на Стојковски во 29 минута. Во второто полувреме Работнички успеа преку Николче Шаркоски да израмни на конечни 1:1. Овој резултат му оди во прилог на Вардар кој утре игра против Ренова на домашен терен и има шанса да се оддалечи на врвот на табелата. Следните натпревари се одиграат утре 3.11.2019 со почеток во 13:30 часот. На овие дуели ќе се сретнат: Македонија ЃП – Силекс, Шкендија – Борец 1919, Вардар – Ренова, Шкупи – Струга Трим-Лум.