НОВАК ЏОКОВИЌ ЗА УСПЕШОСТА НА СРПСКИОТ СПОРТ

Светскиот тенисер број еден Новак Џоковиќ пред француските новинари кажа свое мислење како српскиот спорт е толку успешен и покрај не толку добрите услови за тоа во Србија. Тој исто така кажа и дека се поистоветува со Никола Тесла.

Одговор за успесите е многу едноставен – гените. Ние сме стар европски народ влечеме силни гени и не ме чуди што имаме толкав успех во спортот. Имаме ментални и физички предиспозиции а спортот ни е културолошки длабоко всаден од раното детство. Јас одраснав надвор на планина а и во Белград поминував долго време надвор. Мислам дека оттука почнува се, кога луѓето се охрабруваат да се занимаваат со спорт надвор. Така во подоцните фази од животот може да дојде до успех.

Џоковиќ му даде значење и на менаџментот за развивање на врвен спорт во Србија

Во многу малку спортови имаме структура и систем. Практично без систем правиме врвни светски резултати во многу спортови. Во кошарка и одбојка се чини дека има систем, во тенисот тоа не беше така а и сеуште е исто. Се надевам дека во иднна со здружени сили ќе го промениме тоа и ќе поставиме систем.

Џоковиќ кажа и дека е импресиониран од Никола Тесла и дека имаат сличности во нивниот пат до успехот.

Резултат со слика за djokovic tesla

Никола Тесла бил вон временски човек, универзален ум и допре до висините и димензиите кои ни денес не се разбирливи. исто така бил несватен како човек, ме привлекува неговата животна приказна и инспирација. Човечката страна уште повеќе ме интересира. Татко свештеник, целата прикаска е импресивна, како отишол без ништо и успеал да и оствари прекрасна прикзна во неговата кариера во САД. Со 12 години и јас отидов во Германија неколку месеци по бомбардирањето сам без родители и знам дека тоа за мене беше шокантно. Можам да се идентификувам и да пронајдам инспирација, изјави Џоковиќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *