На денешниот дуел во Калчо Лигата во дербито на дното ќе играат Џенова против Удинезе. На овој дуел ќе се сретнат македонските интернационалци Горан Пандев и Илија Несторовски. Несторовски со Удинезе ќе настапи со помошниот тренер Лука Готи откако си замина Игор Тудор по серијата лоши резултати. Моментално Удинезе е на 14 позиција на табелата а Џенова се наоѓа на 17 место. Натпреварот се игра во 15:00 часот.
