Горан Пандев постигна прекрасен погодок за водство од 1:0. на дуелот Џенова – Удинезе. Во 22 минута по акција во популарниот „тика така“ стил Пандев го отвори резултатот постигнувајки атрактивен погодок за Џенова. Подоцна удинезе направи пресврт и натпреварот заврши 1:3. На овој натпревар за Удинезе настапи македонскиот напаѓач Илија Несторовски кој не се запиша во листата на стрелците а имаше една асистенција за 72 минути игра.