ЗА КРИСТИЈАНО РОНАЛДО РЕЧИСИ НЕВОЗМОЖНО Е ДА СЕ НАЈДЕ ЗАМЕНА

Формата на Реал Мадрид опаѓа по заминувањето на Кристијано Роналдо. Ефикасноста во нападот е значително намалена и Реал потешко постигнува голови. Статистиката вели дека минатата сезона Реал Мадрид имал најслаба реализација во ударите кон голот во последните 10 години. Оваа сезона исто така почна со послаба ефикасност од во однос на сезоните кога роналдо настапуваше за Реал Мадрид.

Резултат со слика за Роналдо реал

На Реал му недостасуваат голови, тоа не е само осет тоа е реалност. На Реал му недостасуваат головите кои ги постигнуваше Роналдо. Од неговото заминување само Карим Бензема успеа да ја одржи екипата во голгетерска форма. Клубот веруваше дека бројките кои Роналдо ги постигна ќе бидат пренесени кај другите играчи на некој начин. Тоа не се случи, оваа сезона на тимот му се приклучи Еден Азард но тој неможе да постигне 50 голови во една сезона. Исто така дојде и Лука Јовиќ но тој се мачи од почетокот на сезоната“ истакна шпанскиот магазин Марка.

Сепак тоа беше очекувано бидејќи Роналдо е извонреден играч и тешко е да се најде негова замена. Слична ситуација имаше и Манчестер Јунајтед кога Роналдо си замина од тимот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *