Во седиштето на ЕХФ во Виена денеска беше извршена жрепката за ЕХФ шампионатите кој ќе се одржат наредната година. На кадетскиот ЕХФ шампионат кој ќе се одржи од 17 – 23 август наредната година во Скопје македонската репрезентација како домаќин имаше можност сама да одбере во која група сака да игра. На ова натпреварување ќе учествуваат 8 екипи во 2 групи. Македонија ја одбра групата А. Победникот на ова натпреварување ќе обезбеди учество на европското првенство во кадетска и јуниорска конкуренција.
Група А – Полска, Македонија, Естонија, Грција
Група Б – Швајцарија, Украина, Грузија, Босна и Херцеговина
На извлекувањето за М20 ЕХФ шампионатот кој ќе се одржи во Латвија од 3 – 12 Јули 2020 година, македонската јуниорска репрезентација беше извлечена во групата Б.
Група А – Романија, Турција, Грузија, Латвија, Велика Британија и Белгија
Група Б – Белорусија, Македонија, Луксембург, Бугарија и Косово.