На македонската фудбалска репрезентација до 21 година и претстојат два натпревари во рамки на квалификациите за Европското првенство 2021 година. Двата натпревари Македонија ќе ги одигра на гости против Шпанија на 14 ноември и против Фарски Острови на 19 ноември. Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на игрчи кои ќе бидат на располагање за овие дуели. На овој список се најдоа двајца нови играачи Сефер Емини и Адријан Хајдари кој настапуваше во помладите репрезентации на Македонија а има и еден настап за Австриската репрезентација У19.
Голмани: Ристе Јанков, Томас Божиновски, Давид Дренковски.
Одбрана: Агрон Руфати, Есмин Личина, Филипп Антовски, Тодор Тодоровски, Ване Јованов, Никола Серафимов, Адријан Хајдари.
Среден ред: Давор Здравковски, Кристијан Ацковски, Енис Фазлагиќ, Јани Атанасов, Димитар Митровски, Томче Гроздановски, Сефер Емини.
Нпад: Милан Ристовски, Дарко Чурлинов, Кристијан Трапановски, Ердан Даци, Емил Абаз, Марко Ѓорѓиевски.