На денешен ден 6 ноември 1996 година МЗТ Скопје го совлада Реал Мадрид во Фиба Еврокупот. Во фантастична атмосвера во салата „Јане Сандански“ каде имаше двојно повеќе гледачи од предвидениот капацитет МЗТ Скопје во драматичен натпревар со многу пресврти го победи Реал Мадрид. Јунак на мечот тогаш беше Перо Блажевски кој ги погоди клучните две „слободни“ во финишот. Тогаш МЗТ играше брилијантна сезона, во Еврокупот ги победи сите натпревари на домашен терен вклучувајќи го и тогаш силниот Реал Мадрид. Тогаш за МЗТ Скопје играа претежно домашни играчи кои потоа придонесоа многу и во репрезентацијата. За МЗТ настапуваа: Врбица Стефанов, Мирза Куртовиќ, Ѓорѓи Књазев, Перо Блажевски, Игор Михајловски, Тони Симиќ, Дејан Димов, Борис Нешовиќ, Антонио Миневски и Американецот Марк Дин. Додека Реал Мадрид беше предводен од Жељко Обрадовиќ а во составот беше еден од најдобрите европски играчи Дејан Бодирога.