ВАРДАР ГО ПРЕЧЕКУВА НАЈГОЛЕМИОТ РИВАЛ ВО ГРУПАТА КЈЕЛЦЕ

Во сабота со почеток од 17:30 РК Вардар ќе биде домаќин на екипата на Кјелце. Тренерот на Вардар изјави дека ова ќе биде многу значаен меч за Вардар. Победа на Вардар му е потребна за да атакува на првото место на табелата но со пораз тоа ќе се искомпликува.

Фотографија на Vardar FanShop.

„Не чека тежок натпревар против Кјелце. Ја знаеме ситуацијата во групата, сите екипи се блиску со бодовите и секоја победа може да те однесе напред, а секој изгубен меч може да те врати назад. Имаме многу повредени играчи, но размислуваме само на победа. Натпреварот ќе покаже што и како ќе биде. Се уште ја следиме состојбата на играчите и дури утре ќе знаеме кој може да игра кој нема да биде во составот“, изјави Едуард Кокошков.

На табелата Кил е прв со 11 бодови Вардар е на второто место со 8, по него се Кјелце и Монпеље со 7.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *