МАКЕДОНИЈА СО ПОСЛЕДНА НАДЕЖ ЗА ЕП 2020 ПРОТИВ АВСТРИЈА И ИЗРАЕЛ

Македонската фудбалска репрезентација закажа собир пред последните два натпревари во квалификациската група за пласмен на ЕП 2020. Собирот е закажан за понеделник. Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 16 ноември против Австрија на гостински терен, а вториот и последен натпревар во квалификациите го играме на домашен терен на 19 ноември против Израел со кого одигравме нерешено на првиот дуел. Македонија има шанса да се квалификува на Европското Првенство, се што треба да направи е да забележи две победи и да чека Австрија да загуби на последниот натпревар против Летонија на гостински терен. Во спортот да чекаш друг да одлучува за тебе не е лесно но вистинска екипа игра борбено до крај и не се фокусира на останатите резултати. Сепак селекторот Игор Ангеловски со многу мала доза на оптимизам влегуваа во финишот на овие квалификациии.

Посакував до крај да бидеме во игра за ЕП, а до пред еден меч бевме во таква игра. Не е сеедно како ќе заврши за нас секој меч, а не пак цели квалификации. И сега теоретски имаме шанси, ама треба да бидеме реални. Ќе бидеме максимално фокусирани и сакаме да го извлечеме максимумот на секој меч. Австријците не надиграа во Скопје, ќе се обидеме да докажеме дека тоа беше лош ден за нас. Ќе одиме да се надигруваме, ги браниме боите на државата и веруваме во позитивни резултати. На овие два меча ќе треба да се подготвиме и за плејофот против Косово во Лигата на нации со оглед дека нема да имаме можност за пријателски натпревари. Овие мечеви треба да пробаме тактички да се довоиграме, иако мислам дека сме доволно воиграни. Јас во глобала сум задоволен од досегашните настапи во квалификации, имаме 11 бода, плус имаме две победи со Летонија, позитивен скор со Словенија, реми од Израел“, истакна меѓу другото селекторот Ангеловски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *