На дербито во 4 коло во женското одбојкарско првенство на Македонија кое се одигра во салата „Невена Ѓорѓиева Дуња“ Работнички Скопје како домаќин го совлада Вардар Жени 3:1, по сетови 25:16, 22:25, 25:17, 25:12. После оваа победа Работнички е на делба на првата позиција на табелата заедно со Наковски Волеј, а Вардар е на третото место.
- ОК Наковски Волеј 12
- ОК Работнички Скопје 12
- ЖОК Вардар Жени 2019 – 9
- ОК Јанта Волеј ф – 8
- ОК Пелистер Волеј – 7
- ОК Виктори Волеј – 7
- ОК Струмица Жени – 5
- ОК УГД Студент Жени – 4
- ОК Македонија Макс – 3
- ОК Универзитет во Тетово – 2
- ОК Ускана – 0
- ОК Бами Кор – 0