Српскиот експерт Владимир Копривица има работено како кондиционен тренер во кошарка и во други спортови повеќе од 30 години. Тој како кондиционен тренер порано има работено во кошаркарските клубови „Партизан“ и „Црвена Ѕвезда“ во сите возрасни категории, работел и со многу врвни кошаркари и кошаркарки во Српската репрезентација со кои постигнал врвни резултати. Водел спортски репрезентации во повеќе спортови со кои освоил бројни медали. Од оваа сезона Копривица е кондиционен тренер во кк „Партизан“. Владимир Копривица е поранешен професор и декан на Факултетот за спорт и физичко воспитување на Универзитетот во Белград. Како професор тој на два пати е избран за професор кој најмногу поттикнува на работа и критичко мислење, охрабрува креативни идеи и буди радозналост. Креативноста на Копривица се истакнува на неговата дипломска работа под наслов „Физички подготовки на врвните шахисти“. Иако тогаш сите мислеле дека нема за што да пишува тој го докажал спротивото. Неодамна Владимир Копривица имаше гостување на Факултетот за спорт на Универзитет „Унион Никола Тесла“ каде ги сподели неговите интересни искуства од подготовката на неговата дипломска работа каде открил дека еден шахист на меч од два часа губи до 2,5 килограми телесна маса, и затоа е неопходна физичка подготовка.

„Се сеќавам дека во тоа време моите професори на факултет се фаќаа за глава, се чудеа како од сите спортови го избрав баш шахот. Беа загрижени дека нема за што да пишувам. Да бидам искрен ни јас не знаев за што ќе пишувам, но тоа за мене беше дополнителен предизвик, посебно за тоа што многу го сакав шахот. Не знаев од каде да почнам па читав достапна литература, истражував што се влијае на состојбата на шахистите кога се натпреваруваат, и успеав да дојдам до неколку истражувања меѓу кои најинтересно беше тоа на доктор Неранчиќ објавено 1963 година во тек на традиционалните мечеви помеѓу репрезентациите на СССР и СФРЈ. Во тоа истражување помеѓу другото пронајдов дека еден шахист на меч од два часа губи 1,5 – 2,5 килограми од својата телесна маса. Исто така го посетив Светозар Глигориевиќ, српскиот прочуен велемајстор, освојувач на дури 13 медали на шаховските олимпијади. Се сеќавам дека тогаш разговаравме 4 часа. Тој во текот на еден шаховски турнир кој трае две недели губел по 10 килограми. Тоа за мене беше фасцинантно, зошто дури подоцна сватив дека мозокот е најголем потрошувач на енергија. Интересно тоа се случува и со натпреварувачите во екстремните спортови, падобранците, возачите во Формула 1. Човек кој губи од телесната маса и кој мора да одржи концентрација тоа не може да го реализира ако не е физички подготвен. За мене тоа беше значаен сигнал“. – Истакна Копривица и потсети на мечот за светската титула помеѓу Карпов и Каспаров кој бил прекинат бидејќи дошло до крај на издржливоста кај шахистите и имало можност мечот да заврши со фатален крај поради исцрпеност.
„Сакав да анкетирам шахисти наши велемајстори. Им паќав писма, во голем коверт каде беа прашањата но и во мал коверт со маркица и напишана мојата адреса. Им беше тешко да не ми одговорат бидејќи со тоа им покажав голема љубов кон шахот. Со задоволство го прифатија сето тоа и од нив добив драгоцени сознанија и цела низа на мислења за проблематиката на физичките подготовки воглавно укажувајки на тоа дека без физички подготовки не е можно добро да се игра шах“ – рече Копривица

Копривица не пропушти да каже колку ја сака шаховската игра. „Успеав да дојдам до книгата „Шах играат милиони“ која подоцна доживеа 30 изданија кои ги напиша Драгослав Андриќ, шаховски мајстор, писател и преведувач. Учев од таа книга и учејќи од неа ја откривав убавината на шахот. Секоја убавина човек може да ја осети дури кога ќе спознае нешто, кога ќе ги разбере внатрешните односи“.
Владимир Копривица има огромен придонес во докажувањето дека шахот е спорт. „Своевремено до Факултетот за спорт и физичко воспитување во Белград дошло до прашање дали е шахот спорт. Напишав еден текст и со многу јасни аргументи го образложив тоа: За нешто да се смета за спорт треба да постои систем на подготовки, систем на натпреварувања, мора да постојат правила, конкуренција, а шахот ги има сите овие елементи, занемарувајќи и дека шахот е физички напорен иако тоа не изгледа така. Образложувањето е прифатено и во категоризацијата на спортовите каде шахот е сместен во втората категорија“.

Професорот Копривица им даде совет на тренерите да играат шах и вештините на тактиката да ги развиваат со оваа игра. „ Во шахот важат законитости како на фудбалскиот терен. Основната борба е за центарот. Кој владее со центарот може добро да игра на аглте. Не можете да тргнете во крилен напад ако не сте го осигурале центарот. Така е и во фудбалот, но и многу други законитости од шахот можат да се применат. Шахот е извонредно средство за учење тактика, но тука се гледа и психологијата“, истакна Копривица.
Владимир Копривица е голем љубител на шаховската игра, тој е и инструктор по шах за пионери и своевремено имал свој клуб во Белград. Тој денес и порај многуте ангажмани наоѓа време да игра шах.