Натпреварот помеѓу Фарски Острови и Македонија кој што требаше да се одигра во рамки на 5 коло од квалификациите за еуро 2021 официјално е одложен. Овој натпревар требаше да се одигра денеска од 18:00 часот но по состанок на претставници од двете федерации, делегатот и судиите е утврдено дека нема услови за игра поради ниските температури во Торшван. По договор на состанокот овој натпревар ќе се одигра во јуни 2020 година.
