ДИМИТАР МИТРЕВСКИ Е НОВ СПОРТСКИ ДИРЕКТОР НА РФМ

По повлекувањето на досегашниот спортски директор на Ракометната Федерација на Македонија Милчо Чакрески, на негово место е назначен Димитар Митревски. Новиот спортски директор Митревски има долгогдишно искуство во ракометот како ракометен судија повеќе од 20 години. Митревски има судено на домашни и на натпревари во организација на ЕХФ. Димитар Митревски е избран по предлог на претседателот на РФМ Живко Мукаетов.

Би сакал да му се заблагодарам на Милчо Чакарески, со кого имавме добра соработка. Но, сега е време за нови активности и предизвици, па така јас како претседател предложувам репрезентацијата да има спортски директор, врзан за ЕП 2020. Предлог за тоа е Димитар Митревски, ракометен судија повеќе од 20 години, човек кој е присутен на сите активности кога се работи за ракометот. Сметам дека тој е добро решение за ова“ изјави Мукаетов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *