Актуелниот шампион на Македонија МЗТ Скопје утре со почеток од 19:00 часот во салата „Јане Сандански“ го пречекува Широки Брјег, во АБА 2 натпреварувањето. За МЗТ Скопје ова е важен натпревар, моментално МЗТ и Широки се на делба третото место на табелата со 12 бодови. Тренерот Ѓорѓи Кочов изјави дека очекува поддршка од трибините.
„Играме против екипа која е физички на високо ниво, која игра агресивна одбрана и која е одлична во транзиција. Тоа е тим кој минатата сезона беше шампион на БиХ, што доволно говори за нивниот квалитет и сериозност. Очекувам максимална ангажираност од моите играчи и се надевам дека на идентичен начин ќе одговориме на нивната агресивност. Би сакал да имаме голема поддршка од трибините која мислам дека многу ќе ни значи на овој натпревар“, истакна Кочов