Во сабота се игра вечното кошаркарско дерби Работнички – МЗТ Скопје Аеродром со почеток од 17:55. Натпреварот ќе биде пренесуван на Собранискиот Канал на МТВ. Првично овој спортски спектакл не беше ставен во телевизиската програма но Македонската Телевизија направи напори да врши пренос од најголемото кошаркарско дерби кај нас. Покрај тоа телевизијата се пожали дека не може да најде заеднички јазик со клубовите околу договарање на термините за одигрување на овој и на други натпревари од кошаркарското првенство кај нас. Македонското кошаркарско првенство според квалитет е меѓу најдобрите на балканот и заслужува да биде пренесувано на ТВ. За тоа да се случи неопходна е соработка помеѓу телевизијата и клубовите. Како за пример најголемите спортски случувања се играат во термини претежно во вечерните часови кои не им одговараат на спортистите и нивниот начин на живот, но овие термини се избрани за да се прилагодат на телеввизијата. Телевизијата е најмоќен медиум за развој на спортот и е најзаслужна за популарноста на одредени спортови. За да биде кошарката развиен спорт кај нас неопходно е да соработува со медиумите посебно со телевиизијата.
Кошаркарското дерби РАБОТНИЧКИ-МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ со ТВ-пренос в недела на Собраниски од 17.55 часот !!! И покрај тоа што не наиде на разбирање кај клубовите, кои не прифатија да играат вечно дерби во телевизиски „prime time” в сабота од 20 часот, и тоа во склоп на 12-часовен спортски маратон на МТВ-1, Македонската Телевизија вложи максимален ангажман и обезбеди дополнителни технички ресурси за сепак да може да го продуцира овој пренос.Сакајќи да избегне ситуација како секогаш порано, без никаква вина да биде прогласен за виновник ако го нема дербито на ТВ, Јавниот сервис стори се пошироката јавност да го гледа најочекуваниот кошаркарски натпревар кај нас.Сепак, уште отсега ја најавуваме можноста, токму поради некооперативноста на најголем дел од клубовите во однос на закажувањето на термините, најинтересните натпревари од домашното првенство да ги нема на телевизиските екрани. – Стои во Фејсбук статусот на страната Македонската телевизија.