Македонската женска ракометна репрезентација одигра реми против Италија 29:29 на првиот натпревар на турнирот кој се одржува во Анталија, Турција. Овој турнир се игра од 22.11 до 25.11. Нашата репрезентација утре ќе одигра два натпревари, првиот е против селекцијата на Турција (Б) од 11:30 часот, а вториот против Турција (А) со почеток од 17:00 часот. Последниот натпревар Македонија го игра против Косово на 25.11. со почеток од 17:00 часот.